Иако се уште не е официјално расплетот е познат. Но пред тоа денес Буфон ќе ја добие казна од Швајцарија…
Џанлуиџи Буфон кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен и тоа е јасно веќе подолго време, но тоа не го направил се уште бидејќи ја чека казната од УЕФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, денес би требало да биде одлучено колку ќе биде суспендиран после исклучувањето поради навредите кон судијата Мајкл Оливер во натпреварот против Реал Мадрид.
Претпоставките се дека би можел да биде суспендиран два до четири натпревари, што би значело дека ќе го пропушти есенскиот дел од Лигата на шампионите.
После таа казна како што тврдат италијанските медиуми се очекува Буфон и официјално да стане нов член на клубот од Париз каде што ќе заработува осум милиони по сезона за договор на две години.