Дома Фудбал Италија Буфон на маса има понуди од европски гиганти!

Буфон на маса има понуди од европски гиганти!

Џанлуиџи Буфон денес ги шокираше сите кога објави дека го напушта Јувентус, но нема да стави крај на кариерата.

Иако сите очекуваа дека 40-годишниот голман ќе објави пензионирање, Буфон потврди дека има примамливи понуди и дека најверојатно ќе ја продолжи кариерата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„До пред 15 дена бев сигурен дека овде е крајот и дека ќе одам во пензија, но сега не мислам така. Пристигнаа многу понуди и во следните денови ќе одлучам што е најдобро за мене“, истакна Буфон.

Она што е интересно е што Буфон одбива да се пресели во некоја „егзотична“ дестинација како Кина или САД, туку најави дека ќе игра во клуб со големи амбиции.

„Сигурно е дека нема да играм во Италија или во клуб кој нема големи амбиции, бидејќи јас сакам да се натпреварувам на највисоко ниво“, изјави Џиџи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Буфон има понуда од Ливерпул, кој е во потрага по врвен голман, а другата понуда е од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…