Синоќа на Гала церемонија традиционално беа избрани најдобрите во Серија А за минатата сезона, па очекувано доминураа фудбалерите на актуелниот шампион.
За најдобар тим беше прогласен шампионот Јувентус, додека титулата за најдобар тренер замина кај предводникот на Наполи, Маурицио Сари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во идеалните 11 доминираат играчите на „старата дама“, а тимот во формација 4-3-3 изгледа вака: Буфон – Дани Алвеш, Бонучи, Кулибали, Алекс Сандро – Наинголан, Пјаниќ, Хамшик – Мертенс, Игуаин, Дибала.
За најдобар фудбалер во Серија А беше избран легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон.
„Кога го гледам овој тим јасно ми е зошто бевме елиминирани од Шведска“, се пошегува Џиџи и додаде:
„Не го очекував ова признание, сепак го држам цврсто бидејќи никогаш не бев избран за најдобар млад фудбалер“.