Во претходните недели најавуван е поинаков исход.
После неочекуваната елиминација од страна на Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите многу критики беа упатени кон Џанлуиџи Буфон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На легендарниот голман му е замерено во неколку ситуации за кои сметаат дека морал да реагира подобро, дури се доведувањето во прашање и останувањето на 41-годишниот голман во Париз наредната година.
Договорот на Буфон истекува во 2020 година, но американскиот „ЕСПН“ пишува дека на поранешниот голман на Јувентус наскоро ќе му биде понудено продолжување на соработка.
поред информациите на овој медиум Буфон ќе добие продолжување на дополнителна уште една година со подобрени услови за плата и бонуси.
Италијанецот оваа сезона одигра 20 натпревари во дресот на ПСЖ. Јувентус го напушти минатата година после 17 години поминати во боите на клубот од Торино.
Неодамна Буфон откри дека во минатото во кариерата можел да заврши во Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
„Кога бев дете и играв за Парма, Фергусон внимателно ме следеше две или три години и секогаш испраќаше скаути да ме гледаат, но во тој момент Парма беше мојот свет и не ми се заминуваше. „Подоцна имав голема понуда од Манчестер Сити кога започнаа да го градат тимот и да станат еден од најголемите во Европа. Сакаа мојот потпис да биде прв. Но јас избрав да останам во Јувентус“, зборуваше неодамна Буфон во разговор со Рио Ферднинад.