Дома Фудбал Останато Буфон: Можеби ќе оставам се за шест месеци, а можеби и за 10 години

Буфон: Можеби ќе оставам се за шест месеци, а можеби и за 10 години

Легендата на италијанскиот фудбал од ова лето брани за ПСЖ и за пензија се уште не размислува.

Џанлуиџи Буфон ова лето го напушти Јувентус, после 17 години поминати во Торино и за негов нов предизвик го избра тимот на Пари Сен Жермен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, во Париз сега е втор избор, Ареола започна да прикажува одлични настапи и сега има предност кај Томас Тухел.

Многумина веруваат дека тоа може да биде знак дека Буфон наскоро ќе го напушти професионалниот фудбал, но искусниот Италијанец засега не размислува на такво нешто.

„Во последните неколку години научив дека ако поставам некаква граница можам да направам грешка. Кога имав 32 години, размислував да се повлечеам кога ќе наполнам 35. Потоа, разни околности беа причина да продолжам да бранам“.

„Си кажав себе си, доста е до 38, но кога стигнав до 38, помислив дека ќе бранам и кога ќе наполнам 40. Денес сум се уште тука. Можеби ќе оставам се за шест месеци, а можеби и за десет години. Не сакам да размислувам на таа тема, ќе го направам тоа кога ќе дојде време

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…