Дома Фудбал Италија Буфон за Роналдо: Ако ми нешто пречи, тогаш тоа се неговите голови против нас

Буфон за Роналдо: Ако ми нешто пречи, тогаш тоа се неговите голови против нас

Легендарниот голман на Јувентус, а сега член на ПСЖ Џиџи Буфон го прокоментира евентуалниот трансфер на Роналдо во редовите на Старата дама.

Да потсетиме, откако Португалија испадна од Мундијалот почнаа шпекулациите дека Роналдо би можел да стане член на поранешната екипа на Буфон, а како што стојат работите, трансферот е блиску до реализирање.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се чини дека против истото не би имал ништо против ни Буфон кој беше запрашан дали ќе го иритира трансферот на Роналдо во Јуве.

„Не, единствено што ми пречи се неговите голови против нас минатата сезона. Ако трансферот се реализира, јас би бил среќен поради клубот и навивачите.“ – изјави Џиџи.

Исто така беше запрашан и околу тоа што мисли за евентуално финале во ЛШ помеѓу ПСЖ и Јуве.

„ПСЖ-Јуве во финалето? Тоа би било премногу.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…