Дома Фудбал Италија Буфон за лицемерието и судијата Оливер: Се би кажал повторно…

Буфон за лицемерието и судијата Оливер: Се би кажал повторно…

bufon

Легендарниот голман повторно се огласи и е многу јасен по повод она што се случи во Мадрид.

Јувентус денес со почеток од 18:00 часот го игра натпреварот против Сампдорија, а пред овој натпревар Буфон не можеше да „избега“ од ново прашање за судијата Мајкл Оливер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Убиец на соништата“, човек кој треба да се седи на трибините и човек кој место срце има канта за отпадоци….Таков беше описот на Буфон по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус за судијата од таа средба Мајкл Оливер.

„Сето тоа го мислам, немам на кого да му се извинам тоа се моите чуства, мојата страст и мојот бес. Дали е добро или лошо, едноставно тоа сум јас, не можам собирам во себе. Се би кажал и повторно, можеби не толку остро, но го кажав тоа што го мислев“.

„Не требаше да досуди пенал, судија со поголемо искуство тоа не би го направил. Не сум лут на него, не му посакувам ништо лошо, но едноставно тоа беше преголем натпревар за него. Губев и поважни натпревари од овој, но сигурно дека овој беше највозбудливиот“.

„Како што кажав да беше поискусен судија сигурно немаше да покаже на белата точка. Секако тоа е сомнителна ситуација, но не е пенал, посебно не во тој момент. На крајот морав да го кажам тоа што го мислев и не ме интересира дали некој мисли дека сум си ја нарушил репутацијата“, заврши Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…