Дома Фудбал Италија Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека во Франција не е така стрсно како во неговата татковина.

Буфон ова лето после 12 години го напушти Јувентус и направи сензационален трансфер во ПСЖ, каде што ќе остане во следните две години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Во Италија малку и се претеруваше со одредени работи. Премногу бевме оптоварени со фудбалот, додека тука пристапот е целосно различен. Овде е поспокојно, поопуштено, повеќе се ужива. Има помалку стрес. Среќен сум и полн со ентузијазам“, изјави Буфон.

40-годишниот Буфон кариерата ја започна во Парма во 1995 година. Од 2001 година до оваа сезона беше дел од Јувентус. За Италија бранеше од 1997 до годинава кога стави крај на репрезентативната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос во Нови Сад: Групна тепачка на фудбалски турнир, полицијата реагирала со 15 возила

Денеска во попладневните часови, на фудбалски турнир организиран во Нови Сад дојде до груп…