Дома Фудбал Лига на шампиони Бутрагењо: Јувентус против Тотенхем го покажа победничкиот менталитет

Бутрагењо: Јувентус против Тотенхем го покажа победничкиот менталитет

Денес беа извлечени паровите за ¼ финалето од Лигата на шампионите, а помеѓу натпреварите кои привлекуваат најголемо внимание сигурно е судирот на старите познаници, Јувентус и Реал Мадрид.

Реал Мадрид играа во минатогодишното финале во Кардиф во кое „кралевите“ славеа победа со резултат 4:1, додека пред три години Јувентус го елиминираше гигантот од Мадрид.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Функционерот во Реал Мадрид и играчка легенда Емилио Бутрагењо очекува тежок двомеч.

„Ќе биде тешко…Поминаа во четвртфиналето после два натпревари во кои Тотенхем беше подобар противник. Искрено, Тотенхем беше подобар од Јувентус, но не покажа карактер. Тоа најдобро говори за победничкиот менталитет кој го поседува Јувентус. Добро ги познаваме, игравме финале минатата сезона и верувам дека нашите играчи против Пари Сен Жермен покажаа за што се способни“, изјави Бутрагењо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…