Дома Топ вести Бускетс е нов рекордер во „Ел Класико“!

Бускетс е нов рекордер во „Ел Класико“!

Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс во вчерашното „Ел Класико“ го сруши рекордот по бројот на учество во натпреварите помеѓу Реал и Барселона. Бускетс вчера го одигра 46-тиот натпревар во натпреварите на овие два ривали.

Искусниот Шпанец беше на теренот од стартот на натпреварот и го сруши рекордот кој го држеа Меси и Серхио Рамос со по 45 настапи во „Ел Класико“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Избраниците на Чави славеа против Реал со автоголот на Едер Милитао и сега со еден гол предност ќе ги пречекаат „кралевите“ на „Камп Ноу“.

Договорот на Бускетс со Барселона истекува наредното лето. Доколку не дојде до продолжување на соработката 34-годишниот играч за врска ќе има прилика да настапи уште во два натпревари против Реал, реваншот во Копа Дел Реј и лигашкиот натпревар на 19-ти март исто така во Барселона.

Реваншот во шпанскиот куп е закажан за на 5-ти април од 22:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Откриен медицинскиот извештај кој покажа зошто Мбапе ослабе шест килограми за неколку дена

Светските медиуми во текот на целиот ден пишуваат на оваа тема, наведувајќи информации кои…