Дома Фудбал Германија Бурно на тренингот на Баерн: Се степале Горецка и Боатенг! (ФОТО)

Бурно на тренингот на Баерн: Се степале Горецка и Боатенг! (ФОТО)

Германски „Билд“ пишува за судир на тренингот на Баерн!

Реномираниот медиум пренесува дека на тренингот на германскиот гигант дошло до конфликт помеѓу Горецка и Боатенг. До судирот наводно дошло после неколку провокации и остри стартови, „подебелиот“ крај според информациите го извлекол поранешниот играч за врска на Шалке.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


На крајот реагирал и тренерот на екипата Ханс Флик кој успеал да ги раздвои. Се било завршено со полесен физички контакт. Боатенг инаку е фудбалер кој во кариерата имал неколку скандали. Пред четири години во Баерн на тренингот имаше проблем со Левандовски, а во неговата најголема афера беше објавено дека два пати ја претепал сопругата.

За Боатенг во последно време многу се пишува дека ќе го напушти Баерн, можеби и тоа е една од причините поради што ги изгубил нервите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еве колку заработи Тотенхем со освојувањето на првиот трофеј од 2008 година

ТОТЕНХЕМ во финалето на Лига Европа го победи Манчестер Јунајтед со резултат 1:0. Освен шт…