Кристиано Роналдо ја игра најлошата сезона од кога пристигна во Мадрид.
Во досегашните 12 кола тој постигна само еден погодок, а Барселона веќе има големи десет бода предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Diario Gol“, тврди дека по ремито против Алтетико во соблекувалната на Реал избувнала расправија. Наводно, Португалецот ги нападнал соиграчите Модриќ, Иско и Асенсио.
„Јас давам се од себе и сум последниот кој треба да го обвинувате. Не ми ја додавате топката доволно“, беснеел Роналдо на соиграчите, иначе Роналдо до овој момент во Примера упати дури 55 удари кон противничкиот гол, што е скоро седум по натпревар, а мрежата ја погоди само еднаш.
Според споменатиот медиум за лошите резултати Роналдо го обвинил и тренерот Зидан. Него му замерува што во летниот преоден рок беа продадени, Алваро Мората, Џејмс Родригез и Пепе.