
Бундеслигата планира во 2024 година да направи мала револуција кога станува збор за ВАР и ќе ги израдува фановите.
Имено, гледачите ќе можат да ги следат контроверзните ситуации кои се разгледуваат во ВАР собата, исто како и гледачите на телевизија.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Стандард треба едноставно да биде посетителите на стадионот и телевизиските гледачи да ги гледаат ситуациите кои се прегледуваат во ВАР собата. Навивачот на трибините треба да биде на исто ниво како и телевизискиот гледач. Се согласуваме дека апликацијата може да биде алатка за гледачите во стадион. Концептуалната фаза за тоа е завршена, сега сме во фаза на планирање и анализираме како имплементацијата може да биде успешна“, објаснија од Германскиот фудбалски сојуз.
Покрај апликацијата, друга можност е спорните ситуации да бидат прикажувани директно на семафорот.