Новак Ѓоковиќ ќе игра уште едно финале на Вимблдон во кое ќе се обиде да стигне до својата 24-та гренслем титула.
По пласманот на Ѓоковиќ во финалето познатиот новинар Кристофер Џонсон објави колумна посветена на српскиот тенисер истакнувајќи осум работи, како оние кои го мразеа всушност го создадоа најдобриот тенисер во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумната е објавена на тенискиот сајт „Grand Slam Magazine“.
-Западната елита не го сака бидејќи е од Србија, која беше бомбардирана од НАТО за време на војната во Југославија.
-Не омилен кај публиката,, добива свирежи затоа што имаше храброст и квалитет да ги предизвика Роџер Федерер и Рафаел Надал.
–Бен Ротенберг и други активисти-новинари го прогонуваат поради измислени или претерани гласини и обвинувања.
-Челниците на АТП се против него поради водењето на ПТПА.
-Службениците на УС Опен го дисквалификуваа откако судијката Лаура Кларк претера со својата реакција по ударот со топче кој не беше намерен.
-Австралиските власти го приведоа и го депортираа.
– Американските власти му забрануваат влез во земјата без доказ за вакцинација
-УС Опен, поддржан од Модерна, јавно не го поддржа својот трикратен шампион.
Џонсон смета дека овие работи придонеле Ѓоковиќ да се мотивира како никогаш претходно и да го игра веројатно најдобриот тенис во кариерата на 36 години.
Целиот текст за Ѓоковиќ – ТУКА.