Дома Фудбал Англија Брус по отказот во Њукасл: Mи беше тешко, ме сметаа за неспосбен

Брус по отказот во Њукасл: Mи беше тешко, ме сметаа за неспосбен

Денес Њукасл ја потврди разделбата со Стив Брус која се најавуваше откако богатите саудијци влегоа во клубот.

Њукасл играше лошо од почетокот на сезоната и после осум натпревари се уште тимот нема победа и освои само три бода. Новото раководство немаше трпение и го отпушти Брус, а сега ќе се бара негова замена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна Стив Брус најави дека работата во Њукасл веројатно е негова последна во кариерата.

„Мислам дека ова беше моја последна работа во фудбалот. Не сум само јас во прашање, данок плаќа и моето семејство. Наполнив 60 години и не знам дали е правилно да се впуштам повторно во нешто слично. Најверојатно ова е мојот менаџерски крај, меѓутоа ете оставам простор да добијам телефонски повик и да подадам рака со некој добар газда. „Никогаш не вели Никогаш“, на тоа ме научи фудбалот“.

„Во Њукасл беше тешко за мене, се фрлаше со дрвја и камења, никогаш не се почувствував сакан. Мислеа за мене дека сум неспосебен, глупав и тактичка зелка. Дури и кога имавме добри резултати се коментираше дека играме лош фудбал или пак дека сум имал среќа. Смешно беше затоа што цело времне се повторуваа истите работи“, изјави Брус по разделбата со клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…