Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница ќе бара нов противник, Тиквеш го откажа тестот

Брегалница ќе бара нов противник, Тиквеш го откажа тестот

И покрај тоа што веќе беше договорена пријателска средба со Тиквеш во среда, 28. јули, кавадаречкиот тим денеска го откажа одигрувањето на тест-дуелот, потврдија од Брегалница преку официјалниот клупски сајт.

Токму поради тоа од стручниот штаб на Брегалница деновиве се во очекување на договор за контролен натпревар со нов противник.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Генералката, пак, пред стартот на новата сезона останува за в недела (1. август) против Силекс. Натпревар кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Како што е познато по денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија, „сините“ во 1. коло од Првата македонската фудбалска лига го пречекуваат Шкупи на домашен терен. Натпреварите од 1. коло се играат на 8. август со почеток од 17:30 часот.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…