Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница го потврди второто засилување!

Брегалница го потврди второто засилување!

Крилниот офанзивец Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница низ зимскиот преоден рок пред продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на Детонит Плачковица каде настапуваше во првиот дел од сезоната 2022/23.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево. 

Брегалница се засили претходно и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…