Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница во финишот испушти победа против Графичар на Бошко Ѓуровски 🎥

Брегалница во финишот испушти победа против Графичар на Бошко Ѓуровски 🎥

Новиот прволигаш тимот на Брегалница вчера во последните минути испушти победа против тимот на Графичар од Србија.

Во пријателскиот натпревар одигран на Златибор штипнскиот тим ремизираше 2:2. Tреба да се спомене дека Графичар од клупата го предводи Бошко Ѓуровски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Резултатот беше отворен во 37. минута кога Мартин Стојанов одлично шутираше од околу 20 метри.

Преостанатите три гола „паднаа“ во последните десетина минути. Прво Графичар изедначи во 81. минута, а потоа Јован Манев донесе ново водство за штипјани. Сепак во 88. минута српскиот тим дојде до 2:2.

Следниот натпревар Брегалница ќе го одигра на 17. јули против тимот на Искра Даниловград.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…