Дома Топ вести Брајтон го потврди рекордниот трансфер – летово потрошија повеќе од гиганти како: Реал, ПСЖ, Барселона, Баерн, Јувентус, Милан…

Брајтон го потврди рекордниот трансфер – летово потрошија повеќе од гиганти како: Реал, ПСЖ, Барселона, Баерн, Јувентус, Милан…

Eкипата на Брајтон го потврди рекордниот клупски трансфер во кој пристигнува Жоржињо Рутер за кого на Лидс Јунајтед му платија 40 милиони фунти.

22-годишниот Бразилец со Брајтон потпиша договор на пет години. Во 66 настапи за Лидс Рутер пристигна осум голови по пристигнувањето од Хофенхајм во јануари 2023 година. Лидс тогаш го доведе за 36 милиони евра.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Летово Брајтон и тоа како беше актиен на трансфер пазарот и претходно ги доведе: Минтех, Вифер, Груда, Осман и Јалкује, на нив потроши 170 милиони евра.

Интересно е што Брајтон со оваа сума има потрошено повеќе пари од европски гиганти како: ПСЖ, Баерн, Атлетико, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Рома, Милан…и тоа е уште еден доказ за финансиската моќ на клубовите од Премиер лигата.

Покрај Брајтон во овој преоден рок се истакна и Астон Вила со потрошени 176 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Конечно дочека: Педро вчера му се одмазди на Интер за натпреварот од пред 15 години! (Видео)

Искусниот шпански фудбалер Педро беше главната причина зошто актуелниот италијански шампио…