Фудбалската репрезентација на Бразил вчера во Лондон го совлада Уругвај со 1:0 и така ја продолжи неверојатната низа во пријателските натпревари.
За Бразилците вистинска штета е што пријателските натпревари не се сметаат и не се официјални, бидејќи доколку е така Нејмар и друштвото сигурно би добиле некакво признание за подвигот кој го направија во 2018 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразил одигра девет пријателски натпревари и во сите девет запиша победи. Но, освен што победија на сите натпревари тие забележаа и импресивна гол разлика од – 20:0!
И не е дека Бразилците избираа само послаби противници во овие девет играа против: Русија (3:0), Германија (1:0), Хрватска (2:0), Австрија (3:0), САД (2:0), Салвадор (5:0),
Саудиска Арабија (2:0), Аргентина (1:0) и Уругвај (1:0).
Сепак, ова е слаба утеха за разочарувањето кое го доживеаа на Светското првенство во Русија каде што беа елиминирани во четвртфиналето иако од почетокот важеа за едни од главните фаворити.
https://www.youtube.com/watch?v=wOpsKFgYUWc