Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори со ѕвездата на Сантош, Кајо Жорге.
Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а „Калчомеркато“ открива дека Малдини веќе започнал преговори со неговиот агент.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Кајо игра за репрезентацијата на Бразил до 19 години каде на 10 настапи постогна 6 гола. Неговиот договор со Сантош истекува во декември, па неговата цена не е многу голема во моментов.
Најпрво „росонерите“ сакаа да го донесат во јануари без обештетување, но „Газета дело Спорт“ тврди дека преговорите се во напредна фаза и Бразилецот ова лето ќе пристигне во Милан.