Вотфорд го разби шампионот на Англија со 4:1.
Челзи во вчерашниот натпревар доживеа дебакл. „Сините“ останаа со играч помалку после 30 минути игра, а домаќините до водство стигнаа 12 минути подоцна кога капитенот Динеј погоди од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На осум минути пред крајот Еден Азар изедначи на 1:1, но потоа следуваше вистински налет на домаќинот. Во 84 минута Јанмат направи слалом во казнетиот простор и погоди за 2:1, само четири минути подоцна Жерар Делофеу постигна нов погодок за 3:1, а во 91 минута Переира стави точка за конечни 4:1.
За тоа време Ричарлисон, веројатно единствената вистинска ѕвезда на овој Вотфорд седеше на клупата и плачеше откако го замени Переира.
Во изјавата за „ЕСПН“ младиот Бразилец објасни и зошто.
„Плачев бидејќи сакав да играм и да им помогнам на соиграчите. На крајот Переира кој влезе на мое место одлично ја одработи својата работа, па така се беше завршено добро“, изјави Ричарлисон.