Дома Фудбал Лига на шампиони Бразилецот скромен: Повеќе сакам да асистирам

Бразилецот скромен: Повеќе сакам да асистирам

Јувентус во вчерашниот натпревар против Монако обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за победата беше Бразилецот Дани Алвеш.

Алвеш во победата од 2:1 во реваншот запиша асистенција и погодок, кој беше навистина прекрасен, а не треба да се заборават и неговите две асистенции од првиот натпревар во кој клубот од Торино славеше со 2:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Најважно е што помогнав мојот тим да победи, не е важно дали постигнав гол или асистирав. Не погодувам често, поради тоа сум среќен, но повеќе сакам да асистирам. Сега ќе играме во финалето и имаме животна шанса, напорно работевме и мислам дека можеме да славиме”, изјави Алвеш.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 3 јуни во Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Teлохранителот на Меси покажа и дека знае фудбал – постигна спектакуларен гол!

Јасин Чеуко, верниот заштитник на Лионел Меси, стана вистински хит на интернет откако пост…