Дома Фудбал Репрезентации Босанците изгубија од Луксембург, па селекторот се пожали на проблем каков што имаме и ние

Босанците изгубија од Луксембург, па селекторот се пожали на проблем каков што имаме и ние

Фудбалската репрезентација на Босна вчера доживеа непријатен пораз од Луксембург на домашен терен со 0:2 и така драстично си ги намали шансите за пласман на Европското првенство 2024 година.

По натпреварот селекторот на БиХ,Фарук Хаџибегиќ беше расположен за шега, но и се пожали за проблем каков што имаме и ние во нашата репрезентација.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како и нашите репрезентативци, така и во репрезентацијата на Босна фудбалерите немаат или имаат многу мала минутажа.

„Гледате дека создаваме многу шанси, но видовте и какви голови примаме. На сето тоа со Луксембург промашивме и пенал, ако постигневме гол се ќе беше поинаку.

Но, дали иамме играч кој игра 90 минути во својот клуб, тоа е само Џеко. Тој ритам за нас е проблем и секогаш го зборувам. Ако сакаме да напредуваме, мораме да бидеме логични во комплетната анализа. Формула 1 јас не можам да ја освојам со Спачек“, изјави Хаџибегиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан спрема понуда за Киеза

Минатото лето, Федерико Киеза направи трансфер во Ливерпул, но сега изгледа дека брзо ќе с…