Македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски е нов тренер на босанскиот Широки Брег.
Како што пренесуваат босанските медиуми, Седлоски успеал да се договори со клубот од оваа земја и веќе утре се очекува неговото официјално претставување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Седлоски вечерва пристигнал во Босна и откри дека многу веројатно ќе стане тренер на Широки Бре.
„Пристигнувам во Широки Брег. Договорот е постигнат и скоро сигурно ќе станам нов тренер на Широки Брег“, изјавил Гоце за босанскиот портал „Спортспорт.ба“.
На клупата на Широки Седлоски ќе го наследи Борис Павиќ кој заработи отказ после слабите изданија на клубот во кои најголем проблем беше реализацијата.