Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Ќе играме против квалитетен тим, а после 180 минути ќе видиме кој ќе игра во групната фаза

Седлоски: Ќе играме против квалитетен тим, а после 180 минути ќе видиме кој ќе игра во групната фаза

Македонскиот шампион Шкупи дојде на чекор од пласман во групната фаза од Конференциската лига и утре ќе се сретне во првиот натпревар против косовски Балкани.

Пред првиот натпревар тренерот Гоце Седлоски истакна дека очекува тежок натпревар против квалитетен ривал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Добро е што ќе ги имаме сите играчи на располагање. Немаме повредени и казнети и очекувам да се прикажеме во најдобро издание, мислам дека сме способни за такво нешто. Гледам за што се способни играчите овие денови и ќе видиме како ќе изгледаме на утрешниот натпревар. Балкани е квалитетен противник, не може да е поинаку кога стигнале до оваа фаза“, изјави Седлоски.

Во текот на летото Шкупи во Струга одигра пријателски натпревар против Балкани.

„Добро ги анализиравме, пред месец ипол игравме пријателски натпревар во Струга и кажав дека се квалитетни, а тоа што нивниот тренер изјавил дека ќе се пласираат во групите…Секој си има свои желби и идеи, но сето тоа треба и на терен да се потврди. Не сакам сега да зборувам за нив, играчите ќе излезат на терен и ќе видиме после 180 минути кој ќе оди во групите“, изјави Седлоски.

Натпреварот помеѓу Шкупи и Балкани се игра утре од 21:00 часот.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …