Дома Топ вести Борусија му постави ултиматум на Јунајтед за Санчо

Борусија му постави ултиматум на Јунајтед за Санчо

Манчестер Јунајтед ја започна новата офанзива по потписот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, пренесуваат медиумите на Островот.

Јунајтед минатата година за Санчо понуди 100 милиони евра со вклучени бонуси, но Борусија Дортмунд не сакаше да го пушти за помалку од 120 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Санчо има комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“.

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се во почетна фаза, а медиумите тврдат дека трансферот би можел да се договори за сума 90 милиони евра.

Сепак Борусија поставила ултиматум и доколку трансферот не биде договорен до крајот на јули, Санчо ќе остане во Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…