Дома Останати Борко Ристовски ја напушта Барселона – од наредната сезона во нов клуб!

Борко Ристовски ја напушта Барселона – од наредната сезона во нов клуб!

Maкедонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски и сегашен член на Барселона во наредната сезона ќе настапува за друг клуб.

Како што објави португалскиот „О Жого“ Борко постигнал договор со тимот на Бенфика и клубот од Лисабон ќе биде негова наредна дестинација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По титулите во Шпанија со Барселона и претходно во Германија со Рајн Некар Левен сега Борко ќе се обиде да стигне и до титулата шампион на Португалија.

Покрај Бенфика според информациите за потписот на Ристовски биле заинтересирани уште неколку клубови.

Интересно е што минатата година голот на португалскиот гигант го бранеше Николче Мтривески.

За македонската репрезентација Борко настапи на 118 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Дамјан Митев: Сите знаеме која е Данска, до вчера ти биле идоли, а сега играш против нив! (Видео)

Македонската ракометна репрезентација утре го стартува настапот на Европското првенство, а…