Македонската ракометна репрезентација беше убедливо поразена од Хрватска (32:21) во третиот меч од Светското првенство.
Голманот Борко Ристовски и Филип Лазаров како причина за поразот ги наведоа многуте промашени чисти шанси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Бевме во игра можеби до 50 мин, но не го одигравме мечот онака како што треба. Промашувавме зицери, празни голови, правевме грешки. Требаше да одиграме перфектен меч за да го добиеме, но таков одиграа Хрватите кои покажаа дека се поквалитетни од нас. Одиме понатаму, нашата цел останува иста, пласман во следната фаза“,изјави Филип Лазаров.
„Промашивме многу зицери. Хрватите се искусни, реализираа од полуконтри и со лесни голови. Нема што да се објаснува, Хрватите се поквалитетни, тоа е реалноста. Одиме натаму, главата горе, наше е да се подготвиме што подобро за следните мечеви и да се бориме за пласман во следната фаза“, изјави Борко Ристовски.
Следниот натпревар на Македонија е против Шпанија во среда со почеток од 20:30 часот.