Дома Македонски спорт Борко Ристовски влезе во политиката!

Борко Ристовски влезе во политиката!

Човекот кој долги години беше прв голман на македонската ракометна репрезентација и го доби прекарот „министер за одбрана“, Борко Ристовски влегува во политиката.

Борко во иднина ќе биде советник за спорт на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Досега Борко не се поврзуваше со некоја политичка партија, а ова е веројатно е најава за тоа во каков правец ќе се движи неговата кариера после завршувањето на ракометната кариера.

„Чест,задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од моја страна,можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации,клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји.Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија“, стои во соопштението кое Борко го објави на неговиот Фејсбук профил.

Во овој момент Борко го брани голот на Бенфика во Португалија.

Борко во својата долгогодишна кариера го носеше дресот на Вардар, Металург, Теукоро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар Левен и Барселона каде што бранеше пред трансферот во Португалија.

Голот на македонската ракометна репрезентација го бранеше на 124 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …