Дома Македонски спорт Борко против Бахреин се надева на добар резултат уште на полувремето

Борко против Бахреин се надева на добар резултат уште на полувремето

Македонија денес ја совлада Јапонија со 29:38 во првиот натпревар на Светското првенство.

Посебно фантастичен на оваа средба беше Борко Ристовски кој запиша 20 одбрани.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонскиот голман ги спречи Јапонците да се надеваат на било какво изненадување.

„Не беше лесно такако што изгледаше. Јапонија е незгоден противник и тоа го покажа, играат навистина брзо и ни направија проблеми во одбраната. Тие половина од головите ги постигнаа од котнра или преку брз центар. Победата не беше лесна како што покажува резултатот, но сигурно дека сме задоволни“.

„Против Бахреин се надевам на добар резултат уште во првото полувреме за да одмориме. Сепак, мораме да бидеме претпазливи иако сите очекуваат убедлива победа“, изјави Борко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

РФМ по популарни цени ги пушти во продажба билетите за бараж натпреварот со Полска – средствата ќе се донираат за настраданите во пожарот во Кочани

Ракометната Федерација ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во …