Вардар после двата натпревари во СЕХА лигата го чека првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите.
Противник на Вардар ќе биде португалски Порто. Голманот Борко Ристовски очекува добра игра и позитивен резултат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„После двата натпревари во СЕХА лигата кои ги добивме без разлика што долго време не бевме комплетни и што не одигравме на нивото на кое се очекуваше, важно е што ги добивме тие два меча. Тие две победи се важни за самодовербата и овој натпревар против Порто треба да биде една слика кон што треба да се стремиме како екипа, верувам дека ова е шанса да одиграме добар натпревар. Пред се треба да имаме добра игра и да оствариме позитивен резултат, во однос на споменатите два натпревари треба да играме барем 30% на повисоко ниво. Овој месец февруари ќе биде навистина долг и тежок“, изјави Ристовски.