Дома Фудбал Италија Бонучи сакал да ја врати капитенската лента: Ако сум јас проблем, земете ја слободно!

Бонучи сакал да ја врати капитенската лента: Ако сум јас проблем, земете ја слободно!

Дојде како најдобар дефанзивец во светот, камандант на одбраната и пред се шампион чии победнички менталитет требаше да го промени карактерот на соблекувалната на Милан. Но, после само неколку натпревари, Леонардо Бонучи е многу поблиску до статусот големо промашување…

Милан трансферот на Бонучи го плати 40 милиони евра и го направи најплатен фудбалер во лигата со годишна плата од 7,5 милиони евра. Притоа, Бонучи беше промовиран за нов капитен на „росонерите“, избор кој ведаш создаде полемики.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Бонучи после натпреварот со Сампдорија во соблекувалната сакал да ја врати капитенската лента.

„Ако сум јас проблемот, траката е овде. Земете ја слободно“, рекол Бонучи во соблекувалната.

Бонучи му ја понидил траката на Рикардо Монтоливо, кој изминатите години беше прв капитен на тимот, пред неговото доаѓање од Јувентус.

Не само што не е вистински лидер на тимот сезонава, туку Бонучи од страна на италијанските медиуми е прогласен како најслаба алка во тимот. Во дербито против Интер беше директен виновник за два гола, а вчера заработи директен црвен картон против Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити израмни рекорд на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите

Mанчестер Сити вчера ја забележа првата победа сезонава во Лигата на шампионите и славеше …