Дома Фудбал Италија Бонучи за свирежите кон Донарума: Тие луѓе се без мозок

Бонучи за свирежите кон Донарума: Тие луѓе се без мозок

Репрезентацијата на Италија се подготвува за дербито против Англија во Лигата на нации, кое вечерва се игра во Милано.

Навивачите на Милан имаат „проблем“ со Донарума по неговиот слободен трансфер во ПСЖ и се очекува дека голманот ќе биде исвиркан на „Сан Сиро“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бонучи брутално ги навреди навивачите и изјави дека тие кои ќе го исвиркаат Донарума се без мозок.

„Кој и да исвиркува играч на италијанската репрезентација за мене е човек без мозок, во тој момент играчот ја претставува целата нација. Донарума не беше првиот што беше исвиркан и нема да биде последен. Мораме да пораснеме од културна гледна точка“, истакна Бонучи.

Последниот пат кога Италија играше на Сан Сиро, Донарума доби големи свирежи од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новиот кандидат за напаѓач на Барса според предлогот на Флик чини 65 милиони евра

Изгледа дека ерата на Роберт Левандовски во Барселона се доближува до крајот. Полскиот нап…