Дома Видео Бомбонера го расплака Кавани – вакви сцени не доживеале и најголемите во историјата

Бомбонера го расплака Кавани – вакви сцени не доживеале и најголемите во историјата

Аргентинската Бока Јуниорс го претстави своето ново засилување Единсон Кавани пред десетици илјади фанови на нивниот стадион Бомбонера во Буенос Аирес.

Уругвајскиот напаѓач важи за клучно засилување за аргентинскиот гигант во борбата за Копа Либертадорес и аргентинскиот шампионат, а пречекот што го доби на култниот стадион го расплака.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бока во саботата објави дека потпишала договор со 36-годишниот уругвајски репрезентативец на слободен трансфер. Од клубот соопштија дека имаат 18-месечен договор со него.

Кавани го носеше дресот со број 10 кој некогаш беше единствениот број на Диего Марадона.

„Ова е голема емоција. Кога имав 12 години, бев таму каде што сте сега и почувствував желба да бидам тука каде што сум сега“, им порача Кавани на навивачите и додаде: „По толку многу години каде фудбалот ми даде по малку од се, сега сум овде и уживам со моето семејство“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…