Едисон Кавани конечно успеа да најде клуб каде што ќе ја продолжи кариерата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Слободен агент Уругваецот е откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Се поврзуваше со разни клубови, па дури и со Бока Јуниорс од Јужна Америка, а на крајот се одлучи да игра во Шпанија.




За неговиот потпис се бореа шпанските Виљареал и Валенсија и Уругваецот ја избра понудата од клубот од „Местаља“.




Според информациите Кавани до крајот на оваа недела ќе пристигне во Валенсија каде што ќе го потпише договорот.