Битката за потписот на Ерлинг Халанд веќе е започната, па се очекува тој сигурно да ја напушти Борусија Дортмунд на лето.
Британски „Гол“ објави дека Халанд има желба да игра во Реал Мадрид и е спремен да ги одбие сите други понуди за да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра во неговиот договор, која ќе стане активна следното лето.
Братанскиот медиум пишува дека Норвежанецот има желба да се пресели во Мадрид, а тоа му оди во прилог и на Мино Рајола, кој е негов менаџер, затоа што очекува голема провизија од трансферот.
„Кралскиот“ клуб долго време се поврзува и со Килијан Мбапе, па следното лето може да има „пеколен“ тандем на „Сантиаго Бернабеу“.