Дома Топ вести БОМБА: Реал и Јувентус спремаат сензационална трампа!

БОМБА: Реал и Јувентус спремаат сензационална трампа!

Јувентус и Реал Мадрид размислуваат за интересна размена за време на зимскиот трансфер прозорец, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што е познато Јувентус е силно заинтересиран за левиот бек на „кралевите“ Марсело и ова лето имаше неуспешен обид да го донесе во своите редови.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Марсело остана на „Сантиаго Бернабеу“, но не е во добри односи со новиот менаџер Лопетеги, кој на мечот против Џироно му покажа дека не е незаменлив.

Бразилецот сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид и да му се придружи на својот пријател Роналдо во Јувентус, а „кралевите“ веќе ја почнаа потрагата по негова замена.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е подготвен да го испрати Алекс Сандро на „Сантијаго Бернабеу“ за да го обезбеди Марсело во јануарскиот преоден рок.

Оваа трампа станува уште пореална ако се знае фактот дека според новото правило во Лигата на шампиони кое вели дека еден играч може да игра за два различни клуба во случај на трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…