Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус во „бомбастичен“ трансфер и требаше да биде големо засилување за „старата дама“.
Меѓутоа, Французинот се повреди пред почетокот на сезоната и се врати на терените на почетокот од овој месец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Притоа, Погба не е во добри односи со тренерот Алегри кој пред неколку дена го исфрли од тимот поради недисциплина.
Поради тоа „Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус сака на лето да се ослободи од Погба и од неговата висока плата.
Најсилен интерес за него покажува ПСЖ, кој е спремен да ризикува и да го донесе во своите редови и покрај слабата сезона.
Наводно Јувентус е спремен да го пушти за симболична сума, а ПСЖ веќе почнал преговори со неговиот агент.