Дома Топ вести Бомба од Шпанија: Милан спема понуда за Модриќ!

Бомба од Шпанија: Милан спема понуда за Модриќ!

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска бомба и тврдат дека Милан покажува силен интерес кон ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Шпанскиот медиум „До Балон“ тврди дека раководството на Реал Мадрид размислува за продажба на Модриќ бидејќи сака да го подмлади тимот, а таквата ситуација се спремни да ја искористат „росонерите“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Имено, медиумот тврди дека Флорентино Перез ќе се раздели со Модриќ дококу пристигне понуда од 50 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума.

Во моментов ова делува навистина неверојатно, но фактот дека Модриќ веќе има 31 година го загрижува Перез кој смета дека сега е последната шанса да се заработи на неговата продажба, а како неговата замена на „Бернабеу“ го гледаат Марко Верати.

Покрај Милан, интерес за Модриќ покажува и Баерн Минхен бидејќи тренерот Анчелоти смета дека Хрватот ќе биде идеална замена за Чаби Алонсо.

Модриќ самиот додатно ги разгоре шпекулациите за негова преселба во Милано, откако вчера стегна „лајк“ на новиот дрес на Милан со кој позираше неговиот сонардник Марио Пашалиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тага во Германија: Почина голманот кој имаше 444 настапи во Бундеслигата

Oд Германија пристигнува тажна вест, почина Диетер Бурденски (73), едно од најголемите ими…