Шпанските и италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона е силно заинтересирана за играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.
Шпанските медиуми пренесуваат дека каталонскиот клуб веќе подолго време го следи Босанецот и во него гледа идеален наследник на Андрес Иниеста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Каталонците веќе спремиле понуда од 50 милиони евра, а се спремни на Пјаниќ да му понудат плата од 6 милиони евра по сезона, сума која е значително поголема од онаа која ја добива во Јувентус.
Притоа, Пјаниќ на дербито со Интер влезе во конгликт со тренерот Макс Алегри кој го извади од игра при финишот на мечот.
Медиумите тврдат дека тоа може да биде знак дека Пјаниќ е на излезна врата од Јувентус, бидејќи слична ситуација се случи минатата сезона со Бонучи.
Барселона сака да ја искористи ситуацијата и наводно веќе почнала да работи на трансферот, па Пјаниќ може да биде еден од приоритетите во летниот преоден рок.