Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи менаџерот Френк Лампард не е задоволен од неговите изданија.
Челзи ја започна потргата по нов голман, а последните информации од Островот говорат дека прва мета ќе биде голманот на Милан, Џанлуџи Донарума.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Сините“ веќе стапиле во контакт со агентот на Донарума, Мино Раиола и започнале преговори за негов трансфер на „Стенфорд Бриџ“. Цената на младииот Италијанец во моментов изнесува 60 милиони евра, а Челзи нема проблем да ја плати таа сума.
Донарума на лето влегува во последната година од договорот и се уште не се започнати преговори за негово продолжување, па Милан најверојатно ќе ја прифати понудата.
? Report: Chelsea reach out to agent of #ACMilan star Donnarumma – €60m demands 'not a problem'https://t.co/eazgc5dm1n #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) March 29, 2020