Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Луис Суарез може на лето да се врати во Ливерпул.
Планот на Јирген Клоп е на лето да направи мала реконструкција во нападот и негова голема желба е да го врати Суарез на „Енфилд“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека „црвените“ сериозно ја разгледуваат таа опција и спремаат понуда до Атлетико Мадрид.
Веќе подолго време се шпекулира дека Мохамед Салах не е задоволен и на лето може да го напушти Енфилд, па Суарез е посочен како прва негова замена.
Суарез во Ливерпул играше од 2011 до 2014 година, на 133 натпревари постигна 82 гола и 47 асистенции, па и самиот би сакал да се врати во клубот каде е сакан од фановите.