Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Кејн во рекорден трансфер се сели на „Олд Трафорд“

„Бомба“ од Островот: Кејн во рекорден трансфер се сели на „Олд Трафорд“

Хари Кејн наводно размислува за заминување од Тотенхем по крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Како што наведува Телеграф, 26-годишниот напаѓач ќе ги разгледа опциите на крајот од оваа сезона, бидејќи во иднина сака да освојува трофеи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ова секако може да ги загрижи навивачите на Спарси. Неговото заминување ќе биде голем удар за тимот од Лондон, кој би останал без најдобриот стрелец.

Извори блиски до Кејн откриваат дека напаѓачот преферира преселба во Манчестер Јунајтед. Тоа треба да им даде зелено светло на „црвените ѓаволи“ да тргнат по неговиот потпис на лето.

Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година и „спарси“ сигурно нема да го пуштат лесно, па се очекува овој трансфер да биде најскапиот во англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…