Милан денес и официјално ги претстави Игуаин и Калдара како нови засилувања, но за „росонерите“ тука не завршува трансфер пазарот.
Спортскиот директор Леонардо потврди дека клубот сака да ангажира еден играч за врска и еден крилен напаѓач до крајот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Мадрид денес пристигнуваат информации дека главна трансфер цел на „росонерите“ е Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.
Имено, новинарот на „АС“ Манолете, кој е добро запознат со случувањата во „кралскиот“ клуб пренесува дека Милан разботи на трансферот на Ковачиќ.
„Милан после Игуаин се вклучува во борбата за Ковачиќ, кој сака да го напушти Реал. Фудбалерот сака да се врати во Италија и „бланкос“ се спремни да кажат ОК“, напиша на Твитер новинарот Манолете.
Ковачиќ наводно одбил неколку понуди од Англија бидејќи сака да се врати во Италија и преферира преселба во Милано.
Milan are interested in signing Mateo Kovacic from Real Madrid. He wants to return to Italy and has the approval of Real Madrid to leave. [@AS_Manolete] pic.twitter.com/UnuvI4JauG
— TheMilanBible (@TheMilanBible) August 3, 2018