Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Јувентус ја сака ѕвездата на Интер

„Бомба“ од Апенините: Јувентус ја сака ѕвездата на Интер

Јувентус го победи Интер во трката за Скудетото, а сега сака да му „украде“ и еден важен играч.

Така тврдат италијанските медиуми и пренесуваат дека Маурицио Сари „фрлил око“ на играчот за врска на Интер, Николо Барела.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус ќе му ја отвори излезната врата на Рамзи, а Сари смета дека токму Барела би бил идеално засилување за неговиот тим.

Барела минатото лето пристигна во Интер од Каљари за 40 милиони евра и одигра солидна сезона, па се наметна во првиот тим на Конте.

Барела оваа сезона на 38 меча постигна 3 гола и запиша 7 асистенции, па Интер тешко дека ќе прифати понуда од најголемиот ривал.

Конте спрема промени во средниот ред и негова најголема желба е Канте, па поради тоа може да го „жртвува“ Барела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…