Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Серхио Рамос се сели кај Роналдо

„Бомба“ од Апенините: Серхио Рамос се сели кај Роналдо

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Серхио Рамос би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.

34-годишниот дефанзивец одигра сезона од соништата, постигна 13 гола и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Примера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, договорот со Рамос со Реал Мадрид завршува следното лето и двата клуба не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Капитенот бара плата од 12 милиони евра по сезона и тригодишен договор, што е неприфатливо за „кралевите“ со оглед на фактот дек Рамос има 34 години.

„Марка“ пренесува дека Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос.

Тој очекувал дека договорот ќе биде продолжен до летото 2023 година со оглед на улогата што ја има на теренот и во соблекувалната.

Ваквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го донесе Серхио Рамос во Торино бидејќи „старата дама“ е спремна да ги задоволи барањата на Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…