Дома Топ вести „Бомба“: Манчестер Јунајтед тргнува по Мбапе

„Бомба“: Манчестер Јунајтед тргнува по Мбапе

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе може да се пресели во Манчестер Јунајтед како замена за Кристиано Роналдо, тврди „Мирор“.

„Црвените ѓаволи“ веќе спремиле голема понуда за Мбапе за следното лето, кога истекува договорот на Роналдо. Меѓутоа, контроверзното интервју кое го даде Португалецот може да доведе до предвремено раскинување на договорот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Манчестер Јунајтед има доволна финансиска моќ за да понуди 150 милиони фунти за Мбапе, како и да му понуди 500.000 фунти неделно, колку што моментално му дава на Роналдо.

Медиумите на Островот се едногласни дека Роналдо готово сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.

Јунајтед веќе работи на доведување на нова голема ѕвезда, а прва желба е токму Мбапе, кој не е среќен во ПСЖ и сака да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…