Шпанскиот весник „Воз Попули“ најави бомбастичен трансфер до крајот на денот, а тоа е дека Реал Мадрид наводно ќе потроши 180 милиони евра за да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ.
Мбапе сакаше да помине уште една година во Париз, но најави дека ќе го напушти клубот по крајот на договорот. Во ПСЖ не сакаат да го загубат беспластно, па затоа ја намалија цената и сакаат да го продадат ова лето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е согласен да плати 180 милиони евра и да го купи Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок. Напаѓачот би потпишал шестгодишен договор и би имал годишна плата од околу 60 милиони евра, плус бонуси.
Реал исто така не сака да чека уште една година за да го доведе Французинот, особено после повредата на Винисиус.