Светскиот рекордер на 100 метри и легенда на атлетиката, Усеин Болт објави дека бил измамен и останал без 12 милиони долари.
Весникот „Обсервер“ објави дека Болт пред 12 години инвестирал пари во компанија од Јамајка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Болт е разочаран и фрустриран. Тој е шокиран од својата држава. Таа која ја промовира во светот со своите спортски успеси, а сега ова му се случи. Усеин инвестираше пари кои не може да ги врати“, кажа адвокатот на атлетичарот.
Компанијата била под истрага и против неа се воделе неколку судски спорови, откако беше откриено дека измамила инвеститори за сума од 1,2 милијарди долари.